Услови и правила за купување

Услови на купување

Со купување на било која понуда од сајтот или учествување во било која програма на сајтот Вие се солгасувате со Условите на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување.

 

(А) Општо

 

Описот на понудите на TopPonudi.com се дадени од страна на Продавачите или друга трета страна која е засегната. TopPonudi не ги истражува или гарантира за Продавачите, и согласно TopPonudi не е одговорен за давањето на услугата или замерки во однос на квалитетот поврзани со описот на понудата. Цената на понудите може да се промени во било кое време без претходно известување од страна на TopPonudi

 

Продавачот може да рекламира услуги, производи или патувања преку сајтот. TopPonudi не прави верификација и валидација и не собира докази, регулаторни авторизации, лиценци или сертификати од Продавачите (вклучувајќи, но не и лимитирано на  Здравствени установи, Фитнес Центри, Салони за убавина). Вие може да истражите повеќе ако сметате дека е неопходно, пред купување на било која понуда за да дознаете дали Продавачот е овластен да врши продажба и давање на конкретните услуги. Продавачот е единствено одговорен за квалитетот на услугите и производите кои се продаваат преку понудата.

 

TopPonudi не е е давател на здравствени услуги и нема да фаворизира или препорачува одредени услуги, производи или процедури кои се рекламираат на сајтот. Сајтот не е замена за професионален совет, вклучувајќи здравствен или медицински совет, дијагноза или лекнување. Секогаш консултирајте се со Вашиот лекар за било кои прашања околу Вашата здравствена состојба. Никогаш не дозволувајте да го игнорирате професионалното мислење поради нешто што сте го виделе или прочитале на сајтот.

 

TopPonudi може во своја дискреција да го провери идентитетот на одреден купувач. TopPonudi може исто така да да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, ако е тоа разумно неопходно, во согласност со важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите на употреба. Рефнудирања на средства за откажани трансакции може да бидат направени каде што е потребно. 

 

Ако одредена понуда стане недостапна за купување, TopPonudi ќе го откаже купувањето и ќе ве извести по е-маил.

 

TopPonudi не гарантира за цените на понудите и не гарантира дека нема да има грешка во цените. TopPonudi го задржува правото да не ги процесира или откаже купувањата ако цената која била дадена во понудата е грешна. Ако ова се случи TopPonudi ќе ве информира преку е-маил. Дополнително TopPonudi го задржува правото да ја промени продажната цена на понудите вo било кое време. 

 

(Б) Купони

 

Сите купони купени од сајтот TopPonudi се промотивни купони по цени со попуст од оригиналната цена кои се разменуваат за услуги или производи кај Продавачот на конкретниот ваучер. Понатаму, единствено Продавачот е одговорен за грижата и квалитетот на услугите и производите кои ги обезбедува и за било каква настаната штета, повреда, трошок направен директно или индиректно, делумно или целосно, без разлика дали тоа произлегува од користењето на TopPonudi ваучер или не. Вие ги ослободувате TopPonudi и неговите вработени од било какви обврски кои прoизлегуваат од  или се поврзани со кој било чин или пропуст од страна на Продавачот во врска со користењето на ваучер за производи, услуги или патувања кои Продавачот ги обезбедува во врска со купониот.

 

Со купување, печатење, прифаќање, користење или обид за користење на било кој ваучер, Вие се согласувате конкретно со условите на тој ваучер наведени во самата понуда за ваучерот и со дополнителните услови специфични за одредената понуда кои се наведени во самата понуда во времето на купување на ваучерот ("Услови"), понатаму се согласувате и со Условите на употреба и со овие Услови на купување. Овие правила важат за сите Ваучери кои се ставени на располагање за продажба на сајтот, освен доколку во Условите на конкретниот ваучер не е поинаку наведенo, и освен ако важечкиот закон не налага поинаку. Во случај на судир помеѓу овие Услови на употреба и Условите наведени во ваучерот, предност ќе имаат условите на ваучерот. Секој обид да се употреби ваучер со прекршување на овие Услови на употреба (вклучувајќи ги и условите на купување) ќе значи дека ваучерот е неважечки.

 

Продавачот е издавач и продавач на купони и истиот е единствено одговорен за замена на купони за производи и/или услуги. Ако Продавачот одбива размена на купони, а периодот за искористување е валиден контактирајте не, TopPonudi ќе ви ги врати средствата на истиот начин на кој се платени, (освен ако не е поинаку назначено во условите на зделката или во специфичните правила кои се однесуваат на конкретниот ваучер). Kупониte не може да се заменат за пари во форма на банкноти.  

 

(В) Правила и услови за сите купони (освен ако не е поинаку назначено во условите на зделката или во специфичните правила кои се однесуваат на конкретниот купон)

 

Kупони од Продавач може да се примени само за размена на производи или услуги кои се нудат од страна на Продавачот, и не се однесува на трошоците за испорака.

 

Еден купон може да се користи само за една нарачка (замена за производ или услуга) освен ако не е различно назначено од Продавачот.

 

Купоните не може да се комбинираат со други ваучери од продавачи или промоции, доколку не е поинаку назначено од страна на продавачот.

 

Репродукција, продажба или трговија со купониите е забранета освен ако не го направите тоа во согласност со применливиот закон.

 

Користење на купони во предвиденииот рок: Доколку сте биле кај продавачот во предвидениот рок на купонот и продавачот одбил да ви го размени купонот за услуги/производи за кои се однесува купонот, TopPonudi ќе ви ги врати парите во склоп со Условите за купување (освен ако не е поинаку назначено во специфичните услови кои се однесуваат на одредени категории на ваучери).

 

Парцијално искористување на вредносни ваучери кои се продаваат од одредени продавачи: Доколку го замените купонот за вредност помала од назначената вредност, ќе имате право да ја искористите разликата (назначената вредност на купонот – (минус) помалата вредност која сте ја искористиле) за друг производ/услуга при истото доаѓање, кај истиот продавач под истите услови. На пример ако купите вредносен TopPonudi купон по цена од 300ден. кој ви дава право да купите производи во вредност од 600ден. и купите производ/услуга во вредност од 300ден. ќе имате право на искористување на остатокот од 300ден. на друг производ/услуга во истиот термин, односно наеднаш. Остатокот од вредноста не може да се користи на повеќе пати во иднина. Продавачот нема да ви ја исплати разликата во пари. 


Изгубени или оштетени купони: Ниту TopPonudi.com ниту наведениот продавач не е одговорен за изгубени или оштетени TopPonudi купони. Чувајте го купонот на безбедно место. Лицето кое го користи купонот не мора задолжително да е купувачот. Купонот може да го искористи лице кое го поседува со прикажување кај продавачот. По употребата купонот се смета за искористен и истиот ќе биде одбележан како таков кај компанијата-продавач. Чувајте го ваучерот внимателно бидејќи секој оној кој има пристап до Вашeто email сандаче, може да има пристап до Вашите TopPonudi купони. 


Користење на купони по истекот на предвидениот рок: По истекот на рокот на купонот истиот ја губи промотивната вредност и може да се искористи за истата услуга/производ со доплата до редовната цена на купената услуга/производ. 

 

(В.1) Правила и услови на вредносни купони

 

Вредносен ваучер е ваучер кој на купувачот му обезбедува размена за услуги и производи кај Продавачот во одредена вредност назначена на ваучерот. Ако ваучерот кој се продава е на 50% попуст тоа значи дека на пример. за купен ваучер од 200 ден. корисникот има право да го размени за производи и усуги (по избор, наведени во понудата) во вредност од 400 ден. 

 

Доколку го замените ваучерот за вредност помала од назначената вредност, ќе имате право да ја искористите разликата (назначената вредност на ваучерот – помалата вредност која сте ја искористиле) еднократно при истото доаѓање, кај истиот трговец под истите услови. На пример ако купите ваучер од 200ден. кој ви дава право да купите производи во вредност од 400ден. и купите производ/услуга во вредност од 300ден. ќе имате право на искористување на остатокот од 100ден. на друг производ/услуга во истиот термин, односно наеднаш. Остатокот од вредноста не може да се користи на повеќе пати во иднина. Продавачот нема да ја исплати разликата во пари.

     

       

      (В.2) Правила и услови за ваучерите за патувања

       

      Понуди кои се рекламираат од Туристички агенции: TopPonudi не е одговорен за аранжманите кои се нудат преку туристичките агенции. Вие се согласувате дека со купувањето на ваучер за туристички аранжман од Туристичка агенција наведена во понудата, го ослободувате TopPonudi од било каква одоговорност за патувањето. Едиствено Туристичката агенција - Продавач на аранжманот е одговорна за истиот. Потпишувањето договор за патување е задолжително пред патувањето и тоа со Туристичката агенција која се јавува како организатор на паувањето. Во случај на откажување на туристички аранжман од страна на ТА која се јавува како организатор на патувањето, за рефундација на средствата на купувачите е одговорна туристичката агенција организатор на патувањето.

       

      Понуди кои реламираат и нудат хотели: Понудите кои се нудат за хотели директно преку TopPonudi, не претставуваат аранжмани со вклучен превоз, туку Ви обезбедуваат промотивни цени за сместувања во најразлични хотели под различни услови и рокови за користење. Единствено Вие сте одговорни за правење на резервацијата во Ваше име и за Ваша сметка кај хотелот - продавач на понудата.TopPonudi не врши резервација во име на корисникот и за негова сметка кај хотелот. Секоја понуда содржи контакт телефон и е-маил од хотелот - Продавач на истата каде што Вие треба да се обратите за резервација, односно достапност на капацитети, согласно Вашите желби и согласно рокот за користење на понудата. По потврдена достапност на капацитет од страна на хотелот, Вие треба да извршите купување на ваучерот во следните 3 часа, освен ако поинку не сте се договориле со хотелот, по што задолжително треба да го испратите купениот ваучер по е-маил за да ја потврдите резервацијата. Доколку не направите потврда на резервацијата, хотелот не е должен да ви ја чува резервацијата и Вие може да го изгубите правото на истата. 

       

      Единствено Хотелот - Продавач на понудата е одговорен за испорачаниот квалитет на услугата. Се согласувате дека сите коментари и критики ќе ги упатите кон хотелот со цел решавање на ситуацијата. TopPonudi не е одговорен за испорака на квалитетна услуга, изгубени предмети при престојот, оштетувања, здравствени проблеми кои може да произлезат од храна, вода и бактерии. TopPonudi ги става на располагање понудите на корисниците, а самите се должни за вршење и комплетирање на резервацијата. 

       

      Со купување на купони за патување Вие се согласувате со Условите на употреба, 


      (В.3) Ваучери во форма на купони за попуст

       

      Купони за попуст претставуваат купони кои се нудат од страна на Продавачите, а кои на купувачот му овозможуваат попуст на одреден производ или услуга кој се рекламира, чија цена ја плаќа корисникот кај продавачот при подигунување на производот или услугата, за кој е должен да прикаже купен TopPonudi купон кој му овозможува плаќање со попуст.